Речиси секое дете, независно од полот, има желба да изведува разни неконвенционални физички активности во домот, но и надвор од него. Активностите можат да се разликуваат од скокање по мебелот, до криење во плакари, па се до качување на покривот на училиштето.
Добар дел од овие активности во очите на родителите или оние кои се одговорни за безбедноста на децата се доживуваат со негодување, па дури и резултираат со забрани. Меѓутоа ваквите активности всушност имаат генерално позитивно влијание врз децата бидејќи ја подобруваат нивната физичка кондиција, ја развиваат креативноста и способноста за решавање на проблеми и ред други вештини.
Ова би значело дека во основа би требале да ја измените вашата перцепција кон желбата на вашето дете да изведува активности од ваков вид, дури и доколку некои од нив ви изгледаат опасно. Од тука споредбата со нинџа воините од јапонската култура. Нивната филозофија претставува синтеза на одличната физичка подготвеност и квалитетна состојба на умот.
Помогнете им да изградат дух на воин. Цврст и праведен карактер, храбар, но внимателен.
Дозволете им на децата да ја исполнуваат својата страст, меѓутоа одвојте време тоа да го правите заедно со нив. Примарно поради факторот безбедност, бидејќи со сите тие активности доаѓа и ризикот од повреди. Па затоа, пружете им надзор и поставете јасни правила. Овие активности можат да се изведуваат речиси секаде, дури и во домот доколку малку импровизирате.
Најпрактично, во секој случај, би било ова да им го оставите на професионалците. Во последните неколку години овој сегмент се сфаќа особено сериозно па постојат места каде забавата има едукативен карактер и обратно. Голем број игротеки нудат одлични услови за ваков вид забава, како на пример искачување по вештачки карпи или популарниот Ласерхант.
Ѕирнете во имагинацијата на вашето дете за да дознаете за што мечтае, па овозможете му го со помош на најголемиот избор на детски игротеки од нашата понуда!