Кој роденден од детството ви оставил најголем впечаток? Ги паметите ли вашите подароци, тортата и игрите кои ги игравте со вашите другарчиња?

 

Роденденот за едно мало дете претставува вистинско доживување и иако мали за возрасните, децата имаат големи очекувања и сакаат роденденската еуфорија да ја почувствуваат сите присутни.

 

Па, кој е најдобриот начин да го организирате роденденот на вашето дете? Какви ќе бидат поканите, каде ќе биде роденденот, колку луѓе ќе има, каква торта и уште многу прашања за најважниот ден на слатките и неуморни славеници.

 

Во продолжените неколку насоки и совети кои гарантираат супер роденденска забава како за најмалите, така и за возрасните. Да започнеме!

 

 

1. Подготовки пред роденденот

Прво – организирајте го вашето време.

 

Многу е важно да го знаете точниот датум и време на роденденот кој го планирате.

 

Започнете со планирање на роденденот најмалку една недела однапред. Искористете го вашето слободно време за организација на роденденот, посветувајќи им време и на малите детали. Кога знаете дека ќе се посветите на забавата за малите, време е да започнете со најважните чекори.

 

 

2. Изберете роденденска тема

Прва точка на to-do роденденската листа е – темата на роденденската забава.

 

На прв поглед можеби изгледа не важно, меѓутоа, изборот на роденденската тема ја олеснува целата организација, од изборот на поканите до целата декорација. 

 

 

 

Па, како да ја изберете темата? Едноставно – прашајте ги децата!

Кои ликови, цртани и филмови им се омилени? Од Spiderman до принцезата Elsa – децата знаат што сакаат.

 

 

 

Седнете со децата и запишете ги идеите. Ќе се изненадите колку децата сакаат да зборуваат за нивните омилени настани и суперхерои.

 

Понатаму, запомнете ги деталите! Не би сакале на Scooby Doo забава да се појави Hulk, така?

 

3. Покани

Сите сакаат покани!

 

Водејќи се од темата, направете роденденски покани и осигурете се дека ќе ги добијат сите планирани гости.

 

Обрнете внимание на датумот, местото и точното време на поканата. Доколку од вашите гости се очекува да донесат или направат нешто за роденденот – внесете го и тоа на самата покана.

 

 

Се разбира, доколку роденденската забава е надвор од вашиот дом, на пример во игротека, би било убаво да ја внесете и точната адреса како и телефонски број за детални информации.

 

Во денешно време лесно е да ги припремите и испратите шарените покани, доставувајќи ги лично, преку пошта или e-mail.

 

4. Најзабавниот дел од роденденот 

А што ќе се прави на роденденот?

 

Роденденската забава е баш тоа – забава!

 

 

Организирајте ги потребните активности на роденденот кои ќе ја направат забавата за паметење. Доколку го правите роденденот во игротека, постојат огромен број на забавни игри и елементи во кои децата ќе уживаат.

 

Од karaoke забава, лавиринти и гумени замоци до шарени топчиња и кловнови.

 

 

Направете ги овие активности интерактивни, оставете децата да ја водат забавата и нека уживаат во својот ден.

 

Важно е да знаете дека колку се поголеми децата – толку забавата треба да биде помалку структурирана. Овде, децата ја сакаат својата слобода и можеби точно утврдениот тек на активностите нема да им се допаѓа.

 

5. Тортаааа!

Роденден не е роденден без торта! А сега и со 20% попуст од Канела!

Сите обожаваат торта, а дувањето на свеќите е вистинска радост за малите. Изберете торта, или направете сами, повторно задржувајќи го духот на роденденската тема.

 

 

Планирајте го времето на дување на свеќи и сечење на тортата и најважно од сè – потрудете се да го доловите и фатите моментот со видео или фотка. Верувајте, ќе сакате да го имате засекогаш.

 

6. Подароци

Едно од прашањата е – дали да ги отворите подароците на лице место или по завршувањето на роденденот?

 

Тука нема да згрешите со која било опција – децата ги чекаат подароците со големо нетрпение.

 

 

Мал совет – купувајте подароци за децата, а не за вас. Парите имаат мала вредност за децата – тие сакаат подароци кои може да ги користат веднаш, од играчки до забавни книги и костими.

 

Потсетете се уште еднаш – кога веќе ја знаете темата на роденденот и знаете што сака вашето дете, однапред го знаете и подарокот.

 

7. Забавата заврши

Децата не сакаат крај. Посебно не крај на нивниот роденден.

 

Испланирајте го времето за крај на роденденот, испратете ги гостите и потсетете ја ѕвездата на забавата дека го чекаат тон подароци!

 

На крај од денот, сигурно ќе научите многу од креативноста на децата.

 

 

Па, сега сте подготвени за супер роденден!

 

За супер забава, изберете некоја игротека која ќе Ви помогне во подготовките, пребарајте слободен термин и уживајте заедно со најмалите.