Сте размислувале ли некогаш кои се предностите од прославување на детски роденден во игротека? Ако сте воопшто во дилема, дали бенефитите постојат, бидете сигурни, бидејќи игротеката е место каде забавата на вашето дете е професионална определба.
Доколку сте традиционално ориентирани и прославата на роденденот ја замислувате во сопствена организација и режија, веројатно нема да ви биде јасно кој воопшто доаѓа до идеја да организира роденден во игротека. Меѓутоа, поверојатно е дека уште повеќе ве изненадува фактот дека децата се воодушевени по завршувањето на забавите во игротека и импресионирани од аниматорите, атмосферата, реквизитите, тортата и генерално целото искуство.
Доколку ги прашате децата, очекуван ќе биде нивниот одговор, но од перспектива на родител, размислете ги овие 6 аргументи кои одат во прилог на професионалците:
Нема штета во домот
Замислете ги сите тие уништени завеси, искршени украсни предмети, флеки на тепихот, уништени цвеќиња... Вашите спомени, нерви и домашен ентериер има висока цена, а дел од претходно наброените симптоми се неизбежни доколку се решите да организирате домашна забава.
Шансите некое дете да се повреди се значително помали
Игротеките се наменети за деца и ентериерот во нив е приспособен на потребите на гостите, па така извесно е дека во нив ќе најдете помалку потенцијално опасни предмети или места за здравјето на децата. Понатаму, секоја од игротеките вработува персонал кој исполнува професионални критериуми соодветни за грижа за безбедноста на децата.
Децата се учат на тимска работа
Не постои нешто што кај децата предизвикува поголема сатисфакција од чувството на добро сработена работа или победа во некоја игра. Важно за децата, особено во периодот на интензивен развој е да се поттикнат да функционираат во групи, бидејќи на тој начин поефикасно учат за себе, но и за оние со кои се опркужени, на тој начин развивајќи есенцијални социјални вештини. Игрите на кои децата се подложни од страна на аниматорите во игротеките се специјлно прилагодени на нивата возраст, а неретко имаат и едукативен карактер.
Децата ќе бидат позадоволни
Праксата покажува дека овој начин на дружење предизвикува поголемо задоволство кај децата. Несекојдневното опкружување, па и самата атмосфера нуди ново искуство за децата, кои особено во тој период имаат потреба од истражување и осознавање на непознатото.
Ќе бидете одморни и порасположени
Се работи за еден од најважните денови во годината за вашето дете, па така, многу е важно да останете позитивни. За да бидете позитивни, пак, потребно е да бидете одморни. Наместо да го потрошите времето за уредување на вашиот дом и подготовка на „менито“, поминете го денот во друштвото на славеникот.
Економично
Прославата во игротека знае да биде исклучително економична. Најголемиот дел од игротеките ќе ви понудат неколку видови на „пакети“, па со оглед на вашите капацитети и потреби, во комбинација со понудата можете да изберете идеално решение за прославата на овој специјален ден.
Доколку овие 6 причини се доволно цврст аргумент за да го препуштите организирањето на овој голем ден за вашите најмали, погледнете ја најголемата понуда на детски игротеки и испратете барање за резервација на Термин!