Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Игротека Џунгла

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Место Капацитет Цена
Игротека Џунгла 50 деца + 110 возрасни 2500 (простор)
Испратете барање или јавете ни се
  • Телефон:

    +389 78 399 286

Краток опис

Игротека Џунгла е новоотворена игротека и место за славење на роденденот на вашето дете, која се наоѓа во Тафталиџе 1 кај средното школо Георги Димитров, на улица Париска број 22 и е прилагодена за деца од најразлична возраст со многу интересни содржини како што се 3Д лавиринт на две нивоа (со тобоган, топчиња, тунел, дрвен мост, лулашка, трамболина, спуштање со јаже и други разновидни друштвени и креативни игри).

 

РОДЕНДЕНСКА ПОНУДА за термин од 2 часа:

 

  • Анимација
  • Игри
  • Грицки
  • Покани
  • Огномет за роденденска торта
  • Користење на спортска соба (мал фудбал, голем фудбал, пинг понг)
  • Мини диско
  • Караоке забава
  • Аниматорски персонал за деца
  • Угостителски персонал за возрасни
  • Прибор за послужување (возрасни и деца)
  • Капацитет од 350m2 внатрешен дел и 150m2 надворешна летна/зимска тераса

 

Џунгла е отворена на 01.04.2013 година според најнови стандарди за забава,хигиена и безбедност на Вашите деца како и за релаксирање во прекрасен амбиент за Вас,родителите. Просторот е целосно климатизиран кој е распостранет на 330 м2, а во топлите денови ќе можете да уживате и во дворот на игротеката Џунгла од 150 м2 кој се наоѓа во пријатна и тивка атмосфера скриена од градскиот метеж. Исто така пред игротеката Џунгла се наоѓа паркинг за сите гости. Располагаме со капацитет за да сместиме 80 до 100 возрасни во внатрешниот дел и 50 деца во делот за славење на роденден. Со задоволсто ќе Ви приготвиме незаборавна забава, секако со Ваша консултација и по Ваша желба, единствено што останува е да не посетите и да резервирате термин за роденден на Вашите најмили.

 

Во игротека Џунгла работи професионален и љубезен персонал кој ќе направат во ниеден момент на децата да не им биде досадно,а родителите во тоа време да се релаксираат со добро кафе, сок и други пијалоци, како и да прочитаат дневни и неделни весници и списанија. Во игротека Џунгла има на располагање бесплатен интернет. Нудиме и можност за плаќање со картички.

 

Ве очекуваме!

Мапа на игротека

View Playground Jungle Kids in larger map