Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Kids Park Capitol Mall

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Место Капацитет Цена
Кидс Парк 140 (деца + возрасни) 3000 (простор)
Испратете барање или јавете ни се
  • Телефон:

    +389 70 99 22 00

Краток опис

Игротеката Kids park претставува една од најголемите игротеки во Македонија. Место на кое времето за игра е секогаш малку.

 

Уникатно креиран простор со високи стандарди за хигиена и безбедност за  прослава на роденден со капацитет од 80 деца;

 

Пријатна атмосфера во делот за возрасни со капацитет од 60-80 лица;

 

Високо професионален тим на вработени, посебно за децата – исклучиво со педагошка позадина, и посебен угостителски персонал за возрасните.

 

На близу 400м2 дечињата ќе ја добијат својата вистинска “ џунгла” од играчки: balloon house, hamster cage, rotating mini bar, pencil swing, goal counter и многу други содржини за нивна проактивна анимација. Особено атрактивни и интересни се ѕидовите во игротеката на кои што се насликани најразлични животни, дел од нив и во нивната природна големина, кои го создаваат амбиентот на вистинска џунгла.

 

Дел од игротеката е конципиран како огромен базен во кој дечињата ќе може да уживаат во безгрижна и пред се, безбедна игра со безброј топчиња. Автентична атмосфера прават и специјалните палми наменети за вртење на најмладите, а на располагање  се и големи трамболини за скокање. Дел од подот е претворен во sensory piano, големо пијано кое испушта звуци кога се гази.

 

Во делот предвиден за роденденски забави има многу детски реквизити со кои што можат да се постигнуваат различни ефекти и дечињата вистински  да уживаат во деновите кои најмногу ги сакаат и цела година ги очекуваат.

 

Кидс Парк секогаш СО и ЗА децата!

Мапа на игротека

View Kids Park Capitol Mall in larger map