Термин вработува!

 

Еј, ти кажавме ли дека спремаме ре-дизајн на Termin.mk со многу нови функционалности и цела нова област? Бројот на потенцијални соработници значително ни порасна, па така имаме потреба нов член во тимот за маркетинг и продажба.

 

Ако сакаш да работиш со луѓе, имаш одлични комуникациски вештини и сакаш да преговараш, и истовремено имаш пасија за онлајн маркетинг и нови технологии, можеби ти си нашиот човек 😊. Но претходно види дали сме горе доле на иста линија.

 

Што очекуваме кога ќе ни дојдеш на интервју:

  • Да бидеш точен на твојот ТЕРМИН 😊
  • Да видиме позитивна, комуникативна и мотивирана личност
  • Желба за брзо учење и самоиницијативност


Многу би нè израдувал и доколку:

  • Имаш одлично познавање на актуелните социјални медиуми... Facebook и Instagram пред сè... Twitter, Pinterest
  • Имаш завршено или си при крајот на студиите на економија (маркетинг, менаџмент, е-бизнис, бизнис информатика и друга слична комбинација на овие департмани)
  • Поседуваш пасија за дигитален маркетинг и нови технологии
  • Темелен си и детален во работата
  • За англиски јазик, треба да прашуваме? 😊
  • Поседуваш возачка дозвола (Б категорија) и си активен шофер


Како ќе изгледаат твоите работни денови:

  • Пронаоѓање на потенцијални соработници, контактирање на истите и закажување состаноци
  • Потпишување договори и собирање на потребните материјали
  • Тековна комуникација со твоите клиенти
  • Постојана комуникација со тимот за социјални медиуми и заедничко изготвување на креативи и кампањи


Ако ова ти звучи примамливо ќе треба најдоцна до 03.02.2018 со назнака за “Аплицирам во Termin 2.0" на rabota@termin.mk да испратите:

  • CV (со фотографија)
  • Предлог две локации кои ги нема на Termin.mk (една свадбена и една игротека) кои би ги договориле за наши соработници и што ќе направите за да ги договорите (во кратки црти) 

 

*Ќе бидат контактирани само оние кадндидати кои ќе влезат во потесен избор