Тимот на Термин има потреба од помлад интернет маркетинг џедај!
Ако ти се допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми и сакаш креативно да се изразуваш преку истите, оригинално си поигруваш со прости и сложени реченици, фотографии или било какви други умотворби, ти си само за кај нас. Но претходно види дали сме горе доле на иста линија.
Потребни вештини и квалификации:
- Одлично познавање на актуелни социјални медиуми... Facebook, Instagram, Twitter…
- Почитување на граматичките правила на македонскиот јазик
- Самоиницијативност
- Креативност
- Темелност и деталност во работата
- Пасија за е-маркетинг и нови технологии
- Одлично познавање на англиски јазик
- Очекуваме апликации од сите профили, но предност ќе имаат оние кандидати кои имаат завршено или се при крајот на студиите на економија (е-бизнис, бизнис информатика, маркетинг и друга слична комбинација на овие департмани)
- Ќе се смета за голема предност чепкање на Photoshop или други алатки за правење на супер слики, и имање осет за естетика и дизајн
Која е твојата одговорност во една реченица? Носење на квалитетни посети на Termin.mk!
Ако ти звучи примамливо ќе треба најдоцна до 04.04.2016 до 23:59 часот да ни испратиш email со назнака "Апликација за помлад интернет маркетинг џедај" на contact@termin.mk со следниве информации:
- CV
- Било какво social media креативно дело со кое се гордеете... се важи и Facebook коментар на пост каде што сте добиле повеќе лајкови од самиот пост ☻… делото пратете ни го во било каков формат
Работната позиција е со полно работно време.
*Ќе бидат контактирани само оние кадндидати кое ќе влезат во потесен избор